Инзаги потпиша нов договор со повисока плата, но и понатаму ќе заработува многу помалку од Конте

by
1 минути читање

Интер го
официјализираше новиот договор на Симоне Инзаги, стратегот се обврза кон „нероаѕурите“
до јуни 2024 година.

Стратегот имаше
импресивна деби сезона со титули во Суперкупот и Купот на Италија, во Лигата на
шампиони стигна до осминафинале, а во Серија А до последно коло се бореше за
титулата, па Интер реши да го награди со нов договор и повисока плата.

Се шпекулира дека
во иднина тој ќе заработува помеѓу 5 и 5,5 милиони евра, што е двојно помалку
во споредба со она што го добиваше Антонио Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×