Инзаги натпреварот на Камп Ноу го заврши со црвен картон, па нема да биде на клупата на дуелот со Викторија Плзен, но се чини дека тоа е неважно во споредба со резултатот кој го направија.
Инзаги во Шпанија беше критикуван дека играл дефанзивно во Милано, сега дојдоа неговите пет минути, па имаше што да каже на пресот по мечот.
„Одмазда против кој? Против оние во Шпанија кои ме нарекуваа катанаџо тренер? Мојата приказна за тоа како играат моите тимови се раскажува сама по себе. Не ми треба никаква одмзада. Барса има само едно реми во Ла Лига, сега ќе го паметат Интер долго време“, рече Инзаги.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.