Инзаги: Игравме против неверојатен ривал, ова е победа за целиот Интер-свет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер успеа да го преживее двомечот со Баерн Минхен, откако ремизира 2-2 на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Нераѕурите“ покажаа карактер и се вратија од негатива, па се одбранија до крајот против залетаниот ривал од Германија. Симоне Инзаги по мечот откри дека е горд на својот тим за одиграното.

Ова беше преубава ноќ пред нашите фанови, а против многу силен ривал. Моравме да одиграме два меча на високо ниво, давајќи сè што имаме. Тимот одработи одлично, ова е успех за сите навивачи на Интер. Сега мора да продолжиме со сезоната која ни даде толку емоции. Баерн во ниту еден момент не го спушти интензитетот, ама ние одговаравме на удар по удар. Оваа ноќ ќе ја паметиме долго, ова е исплата за целата напорна работа. Се судривме со неверојатен тим, ама и јас сум среќен за групата која ја имам. Овие играчи работат и се жртвуваат, честитки до нив за прикажаното“, изјави Инзаги.

Полуфинален противник на Интер ќе му биде Барселона, исто како и во 2010 година кога го освоивме трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани