Инзаги доби одлична вест пред полуфиналето против Барселона

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, целосно се опорави од повредата и ќе биде подготвен за големото полуфинале против Барселона во Лигата на шампионите, што ќе се игра во среда од 21:00 часот.

Францускиот репрезентативец беше надвор од терените во изминатите две недели, период во кој „нераѕурите“ запишаа три последователни порази и тоа без постигнат гол – против Болоња, Милан и Рома. Отсуството на Турам беше повеќе од очигледно, со оглед на тоа дека тој сезонава е клучна алка во офанзивниот систем на Симоне Инзаги.

Со 44 одиграни натпревари, 17 голови и 9 асистенции, Турам е еден од најконстантните фудбалери на Интер оваа сезона. Сепак, се уште не е познато дали Инзаги ќе ризикува и ќе го вклучи во стартниот состав или ќе го задржи како адут од клупата за резерви.

Во овој момент познати е дека Интер во Барселона ќе биде сигурно без Павар. Францускиот дефанзивец го повреди зглобот во поразот од Рома и сигурно ќе го пропушти првиот натпревар. На негово место се очекува да стартува Јан Бисек.

Фото: Inter F.C/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани