Инзаги: Барселона во овој момент можеби е најдобриот тим на светот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер со три последователни порази зад себе не влегува во најдобар момент во полуфиналето од Лигата на шампионите, но тренерот Симоне Инзаги смета дека дуелот со Барселона е посебна приказна и верува дека неговите избраници ќе покажат сосема друго лице на „Монжуик“.

Италијанскиот стратег доби критики поради слабиот резултатски период – два неуспешни настапи во Серија А и елиминација од Купот – но вели дека мотивацијата за натпреварите со каталонскиот гигант нема да изостане.

Барселона е клуб со исклучителна традиција, можеби и најдобриот тим во светот во моментов. Имаат јасна фудбалска филозофија, квалитетни индивидуалци и силна школа. Ќе им пристапиме со почит, но уште поважно – ќе веруваме во себе,“ порача Инзаги.

Тој нагласи дека клучот ќе биде во менталната стабилност и тактичката дисциплина:

Ќе играме храбро, нема да дозволиме да бидеме притиснати. Двете екипи се тактички подготвени и затоа очекувам интензивна и жестока битка.

Првиот меч од полуфиналето меѓу Барса и Интер се игра вечерва (30 април) со почеток во 21:00 часот. Барселона влегува во дуелот со мала фаворитска предност, но Интер добро знае како се добиваат големи европски натпревари.

Фото/Photo: UEFA

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани