Интер синоќа
славеше со 4-0 против Викторија Плзен, го завери пласманот во осминафиналето од
Лигата на шампиони што ќе значи дополнителен приход во касата, па раководството
на клубот сега ќе се обиде што поскоро да го обезбеди потписот на Милан
Шкрињар.
Неколку извори
пренесуваат дека „нероаѕурите“ денеска ќе се сретнат со агентот на
дефанзивецот.
Извештаите велат
дека Интер е подготвен на маса да стави 6,5 милиони евра по сезона, речиси
двојно повеќе од она што во моментов го заработува Милан Шкрињар, и да го
направат еден од најплатените во клубот (на исто ниво со Лаутаро Мартинез).
ПСЖ со
внимателност ќе ја следи разврската, „светците“ изминатово лето имаа неколку
неуспешни обиди да го ангажираат дефанзивецот и се подготвени во јануари да
достават нова понуда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.