Нероазурите имаат одличен старт на новата сезона, три победи од исто толку натпревари. Овојпат настрада Фиорентина.
Серијата погодоци ја отвори Турам кој постигна гол во 23. минута од натпреварот. Тоа беше и резултатот од првото полувреме, 1-0 за Интер.
По осум минути игра во второто полувреме Лаутаро Мартинез реализираше за 2-0, овојпат Турам беше асистент. Пет минути подоцна погоди и Чалханоглу за 3-0. Тука беа решени сите дилеми околу победникот.
Во 73. минута Лаутаро Мартинез со својот втор гол на мечот само ги постави конечните 4-0.
За Лаутаро ова беше петти гол во првите три кола оваа сезона.
Во исто време се играше дуелот меѓу Торино и Џенова. Домаќините победија со 1-0 со гол на Радоњиќ во 94. минута.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.