Интер со „воспитна“ за Шкрињар

by
1 минути читање

Интер се израмни
по бројот на одиграни натпревари со Јувентус и Лацио во Серија А, но, не според
очекувањата, откако „Нероаѕурите“ киксираа играјќи 3-3 на домашен терен против
Сасуоло.

Дополнително, во
самиот финиш од пресметката во Милано, стоперот Милан Шкрињар доби втор жолт
картон, а со самото тоа и предвреме беше испратен во соблекувалната, а неговата
реакција по добиеното исклучување му донесе вкупно три меча суспензија, со
суспензија се здоби и тренерот Антонио Конте, кој нема да ги предводи своите
фудбалери против Парма.

Словачкиот стопер
се здоби и со парична казна од 10,000 евра поради коментарите и однесувањето
кон судијата Маса, меѓутоа тука за него не запреа проблемите, па во Италија
објавија дека Интер веќе го казнил својот фудбалер за неговото однесување на
тој меч.

Од Интер се
наводно гневни на однесувањето на Шкрињар кој нема да биде во комбинација за
настап против Парма, Бреша и Болоња, а клубот од Милано нема да упати жалба на
одлуката на дисциплинската комисија при Серија А поради изречените казни кон
него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×