Интер со три бода се враќа од Плзен, Спортинг го победи Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од Баерн Минхен во првото коло, Интер дојде до првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона откако со 2-0 ја совлада екипата на Викторија Плзен.

Един Џеко беше играчот на мечот за Интер. Со негов гол во 20. минута нероазурите дојдоа до водство, а потоа Босанецот асистираше до Думфрис кој погоди во 70. минута и ја запечати победата.

Спортинг Лисабон има фантастичен старт на Лигата на шампионите, во првото коло го победи Ајнтрахт во Франкфурт со 3-0, а денеска докажа дека тој триумф не беше случаен, го совладаа Тотнем со 2-0.

Интресно, резултатот беше 0-0 до 90. минута, тогаш Паулињо погоди за 1-0, а три минути подоцна Артур Гомез реализираше за 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×