Интер со предност ќе патува во Мадрид благодарение на Арнаутовиќ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Погледите на најголемиот дел од фудбалските фанови денеска беа насочени кон Милано каде се играше дербито меѓу Интер и Атлетико Мадрид.

Нероазурите ја искористија предноста на домашен терен и со победа од 1-0 ќе патуваат во Мадрид.

Навивачите на гол чекаа до 79. минута кога Арнаутовиќ помалку среќно постигна гол за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.

Мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Борусија Дортмунд заврши 1-1.

Германскиот клуб имаше водство со гол на Мален од 24. минута, а по десет минути игра во вториот дел Де Јонг реализираше од пенал за 1-1.

Утре на програмата се дуелите Наполи – Барселона и Порто – Арсенал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×