Интер си го закомпликува животот на „Бенито Стирпе“, но се враќа дома со три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во претпоследниот
натпревар од 32. коло во Серија А, Интер триумфираше на гостувањето на „Бенито
Стирпе“. Со голот на Наинголан во 19. минута и пеналот на Перишиќ во 37.
минута, Интер на пауза замина со убава предност.

Сепак,
избраниците на Спалети малку се опуштија во продолжението од мечот, па
Фросиноне намали на 1-2 по еден час игра.

Домаќините потоа
почнаа да притискаат по нов гол, го ставија 
Интер под притисок, но гостите ги осигураа трите бода со една контра во
93. минута која Весино ја реализираше за конечни 1-3.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани