Интер ова лето со недели работеше на враќање на Ромелу Лукаку, по долги преговори успеа да се договори со Челси, но на крајот дозна дека напаѓачот зад грб им преговарал со лутиот ривал Јувентус и се откажа од зделката.
Бепе Марота и неговите соработници потоа се насочија кон неколку алтернативи, една од нив беше Фоларин Балоган. Но Арсенал постави висока цена, не сакаше да слушне за трансфер под 40 милиони евра, додека пак „нероаѕурите“ беа подготвени да платат 30-35 милиони евра.
„Топчиите“ не попуштаат, па Интер синоќа го известил клубот од Северен Лондон дека се повлекува од преговорите и ќе се насочи кон други цели.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, нов напаѓач ќе се бара помеѓу Марко Арнаутовиќ од Болоња и Меди Тареми од Порто.
Болоња бара околу 7-8 милиони евра плус бонуси за услугите на репрезентативецот на Австрија, додека пак Интер е подготвен да плати околу 6 милиони евра.
Што се однесува до Меди Тареми, Порто бара околу 30 милиони евра за голгетерот од Иран, додека пак се очекува Интер на маса да стави помеѓу 20 и 25 милиони евра.
Не се исклучува можноста Интер да ги купи двајцата напаѓачи, но само доколку Хоакин Кореа си замине од „Џузепе Меаца“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.