Интер сака да го направи Лаутаро најплатен во тимот, Аргентинецот бара повеќе

by
1 минути читање

Интер и Лаутаро
Мартинез подолго време се во преговори за продолжување на соработката,
денешното издание на Газета дело Спорт пишува за разликите помеѓу двете страни.

„Нероаѕурите“
сакаат да го направат Аргентинецот најпалтен во тимот и му нудат годишна плата
од 8 милиони евра, плус бонуси (во моментов најплатен е Чалханоглу, кој
неодамна доби нов договор со плата од 6,5 милиони евра).

Но Лаутаро
Мартинез бара повеќе, односно 10 милиони евра по сезона, за да го зацементира
своето место како прва ѕвезда и капитен.

Двете страни имаат
иста амбиција, да продолжат заедно, па се очекува во скоро време да биде најден
компромис. ГДС вели дека клучно може да биде гостувањето кај Атлетико следниот
месец, и средба во Мадрид со агентите на Лаутаро Мартинез.

Весникот исто
така додава дека Интер го проценува Лаутаро Мартинез на околу 150 милиони евра,
во случај некој клуб летоска да пројави желба да го купи напаѓачот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×