Интер сака беспари да ангажира фудбалер на Јувентус

by
1 минути читање

Во дуел на двете
водечки екипи во Серија А, Интер утре го пречекува Јувентус во големото „Дерби
на Италија“.

Денешното издание
на Тутуоспорт дополнително ја подгрева атмосферата со обајавата дека Интер сака
да се засили од Јувентус.

Се шпекулира дека
директорот Бепе Марота го мерка Адриен Рабио, кој ги одработува последните
шесет месеци од договорот и во моментов нема преговори за продолжување на соработка.

Интер би можел летоска
да го продаде Николо Барела, па Бепе Марота е привлечен од идејата беспари да
го ангажира Адриен Рабио како засилување за средниот ред.

Тутоспорт исто
така додава дека ваквиот потег на Бепе Марота има и задна намера, односно да се
создаде тензија во редовите на Јувентус во пресрет на големото дерби.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×