Интер прокоцка победа, имаше водство, играч повеќе и пенал и успеа да загуби од Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер наместо да го искористи киксот на Лацио и да дојде на само бод до второто место тие изгубија од Болоња иако беа во идеална шанса да дојдат до лесна победа.

Домаќините поведоа во 22. минута кога една добиена топка Лукаку ја смести во мрежата на Болоња за водство на Интер од 1-0.

Во 57. минута Сориано доби црвен картон, Болоња остана со играч помалку а пет минути подоцна беше досуден и пенал за Интер. Лаутаро Мартинез не успеа да ја реализира најстрогата казна и да го реши натпреварот.

На 15. минути до крајот Јувара изедначи на 2-2, а во 77. минута Бастони доби втор жолт картон, силите на теренот беа израмнети.

Во 80. минута Бароу постигна гол за комплетен пресврт и победа на Болоња од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×