Интер прими пацерски гол, па во 95. минута направи пресврт и го освои Удине (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вo последниот натпревар од 31. коло во Серија
А, Интер триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Удинезе.

Домаќините
поведоа пред крајот на првиот дел под чудни околности, една обид на Самарџиќ,
кој повеќе наликуваше на додавање отколку на шут, заврши во мрежата откако Дамфрис
и Зомер не се разбраа кој ќе интервенира.

Интер изедначи по
десетина минути игра во второто полувреме, Чалханоглу од пенал погоди за 1-1.

Трите бода беа зграпчени
во 95. минута од мечот, Лаутаро со удар од врвот на шеснаесетникот ја зпогоди стативата,
а прв до одбиената топка дојде Фратези, кој рутински од пет метри ја затресе
празната мрежа.

Со овој триумф,
Интер се врати на +14 во однос на Милан, и го делат уште две победи до
Скудетото (против Каљари и Милан).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани