„Нероаѕурите“
работат на враќање на Ромелу Лукаку само една година откако го продадоа на
Челси за 115 милиони евра.
Зделката не е
лесна, „сините“ бараат помеѓу 20 и 25 милиони евра за да му дозволат на
напаѓачот да се пресели во Милано на позајмица.
Интер бара начин како
да ги прибере потребните средстав и последните информации велат дека се бара
купец за младиот Андреа Пинамонти. Марота и неговите соработници се надеваат
дека ќе можат да добијат 20-25 милиони евра за напаѓачот, кој минатата сезона
во дресот на Емполи постигна 13 погодка во Серија А.
Се шпекулира дека
интерес за неговите услуги пројавуваат Фиорентина, Монца, Болоња и Лацио.
Андреа Пинамонти
е продукт на школата на Интер, па неговата продажба ќе значи чист ќар за клубот.