Луис Енрике (23) ќе стане ново засилување на Интер! Италијанските медиуми јавуваат дека е постигнат договор помеѓу „нероаѕурите“ и Олимпик Марсеј, а трансферот вреди 23 милиони евра, со можност сумата да порасне до 25 милиони преку бонуси.
Бразилецот ќе му биде на располагање на Симоне Инѕаги уште за Светското клупско првенство кое стартува средината на јуни во САД, и на тој начин ќе биде првото летно засилување за шампионот на Италија.
Луис Енрике важи за поливалентен офанзивец, кој покрај тоа што може да биде алтернатива на десната страна за Дензел Дамфрис, може да одговори и на други позиции во тимот – што е еден од главните адути кои го натерале Интер да се реши за негов ангажман.
Претходно во кариерата настапуваше за Ботафого, а од Марсеј беше испраќан на позајмица назад во редовите на бразилскиот клуб, пред да се врати во Франција и да се избори за место во тимот.