Интер повторно прокоцка победа, наместо борба за Скудето сега е четврти (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер повторно
прокоцка победа, вечерва имаше 1-2 против Верона, но во финишот прими гол и испушти
два бода.

Домаќините
одлично го отворија мечот и поведоа веќе во 2. минута. Лазовиќ лесно се
ослободи од Шкрињар и потоа го матираше Хандановиќ на првата статива.

Интер сепак брзо
направи пресврт на стартот од вториот дел и по само десетина минути игра во
продолжението дојде до предност. Најпрво Кандрева изедначи на 1-1 за потоа
Димарко да си постигне автогол за 1-2.

Сепак, избраниците
на Антонио Конте не успеаја да го сочуваат водството, во 86. минута Велосо прецизно
погоди во долниот агол за 2-2.

Ова е трет кикс
на „нероаѕурите“ по ре-стартот на сезоната, па наместо да се борат за Скудето
сега се на позицијата број четири на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×