Интер потпиша со најталентираниот албански фудбалер

by
1 минути читање

20-годишниот Аслани кој лани одигра 23 натпревари и постигна еден гол, потекнува од школата на Емполи.

Интер за трансферот ќе плати вкупно 14 милиони евра. Четири милиони евра за позајмицата, и идното лето ќе даде уште 10 кога ќе треба целосно да го откупи.

„Се чувствувам неверојатно. Имам само 20 години и добивам шанса да играм за клуб кој е навистина посебен. Не можам да дочекам сезоната да почне, ќе дадам се од себе“, изјави Аслани.

„Ја напуштив Албанија кога имав две години. Тука во Италија се школував и научив да играм фудбал. Не можев ниту да замислам дека ова ќе ми се случува“.

Аслани ќе го носи дресот со број 14.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани