Интер се посочуваше како фаворит во трката по Дибала кој е слободен играч, но нероазурите одолговлекуваат.
Според „Кориеро дело Спорт“ причината е тоа што чекаат да видат дали ќе можат да го вратат Ромелу Лукаку ова лето.
Лукаку очајно посакува да се врати во Интер, подготвен е да игра и за помала плата, но мисијата е тешка затоа што тој има договор со Челси кој огромна сума за него.
Се верува дека Интер може само на позајмица да го донесе Лукаку и веројатно тоа е планот, но зависи и од Челси дали ќе донесе нов напаѓач.
Насочувањето на Интер кон Лукаку, може да оди во прилог на Рома која исто така е заинтересирана за Дибала.
Се верува дека Интер се уште е во пол позиција за ангажман на Дибала, но засега не се приближуваат работите кон конкретните чекори за потпис со него.