Актуелниот договор на Зиелински со Наполи истекува по крајот на оваа сезона и тој нема да биде продолжен.
Клубот на неспортски начин го притиска тој да стави потпис на нов договор, но полскиот фудбалер одбива. Зиелински не е пријавен за мечевите против Барса во ЛШ, а е изоставан и од дуелите во Серија А.
Со оглед на тоа што веќе влезе во последните шест месеци од договорот со Наполи, Зиелински веќе слободно може да води преговори со други клубови.
Извршниот директор на Интер, Марота потврди дека тие преговараат со Зиелински.
„Го информиравме Наполи дека сме во разговори со Пјотр Зиелински да го потпишеме како слободен играч. Ќе видиме како ќе напредуваат преговорите и дали тоа ќе се случи“, изјави Марота.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.