Интер е еден од клубовите кои се поврзуваат со Меси, но според зборовите на директорот во клубот, тие не се во трката по Аргентинецот.
„Се што можам да кажам е дека е невозможно да се види Меси во Интер. Никогаш немало преговори или нешто слично. Па да расчистиме еднаш засекогаш, Интер не може да си дозволи такви трансфери, економските параметри не ни го дозволуваат тоа“, вели Аусилио.
„Се надевам дека луѓето нема веќе да зборуваат за такви преговори и овие теми ќе исчезнат“.
„Нема ништо ни за Киеза. Го цениме него, но мора да бидеме реални за можностите кои можеме да си ги дозволиме. Треба да бидеме искрени со фановите“.
„Исто и Канте е невозможна цел за Интер“.
„Можам да ги потврдам преговорите за Александар Коларов со Рома. Се уште е во процес на преговори, па немаме уште ништо дефинирано“.