157
Интер и Рома се обидуваат да најдат компромис со кој Един Џеко до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Милано, додека пак Алексис Санчез ќе игра како позајмен во Рим.
Двајцата играчи имаат слична нето плата (помеѓу 7 и 7,5 милиони евра) но проблем е тоа што Интер заштедува на даноци благодарејќи на декретот на владата на Италија па има разлика од околу 3 милиони евра во бруто платите.
За да се испегла разликата, „нероаѕурите“ на маса ставиле три имиња, Андреа Пинамонти, Матијас Весино и Јонут Раду, и еден од нив ќе треба да се пресели на позајмица во Рома во пакет со Алексис Санчез.