80
Челси се обидува
да ја засили одбраната, Милан Шкрињар и Дензел Дамфрис од Интер се дел од
листата со желби на „сините“.
Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Интер поставил услови, „нероаѕурите“ ќе дадат зелено
светло за продажба само доколку добијат минимум 120 милиони евра, односно
најмалку 70 милиони за Словакот и најмалку 50 милиони за Холанѓанецот.
Исто така, поставен
е краен рок до кога треба да се комплетираат зделките и Челси има време до 12. август
да ги ангажира дефанзивците, односно еден ден пред стартот на новата сезона и
дуелот со Лече во првото коло од Серија А.