Интер му дал ултиматум на Инзаги, ако не го исполни, Станковиќ доаѓа на негово место

by
1 минути читање

Интер загуби на три од последните пет натпревари, па раководството на клубот е подготвено брзо да реагира и да направи тренерска смена.

Пред тоа да се случи, Инзаги добива уште една шанса. Ултиматумот е Интер да победи на следните три меча. Првиот е веќе утре против Торино, а потоа следува гостување кај Викторија Плзен во Лигата на шампионите, па гостински меч во Серија А кај Удинезе.

Доколку Интер има уште еден разочарувачки меч во овие три, Инзаги ќе добие отказ, а главен кандидат за негов наследник е Дејан Станковиќ.

Наводно, Бепе Марота веќе го контактирал Станковиќ, сега српскиот стратег го следи развојот на настаните и чека дали ќе добие повик да го наследи Инзаги.

Станковиќ во моментов е слободен тренер откако си даде оставка по неуспехот да ја однесе Црвена звезда во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тој и додека беше тренер на белградскиот тим, се поврзуваше со тимови од Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×