Интер и ПСЖ веќе неколку недели преговараат за Шкрињар но никако да се договорат околу цената на дефанзивецот.
Последната понуда на ПСЖ е 60 милиони евра плус Дракслер, но Интер сака само пари.
Тие бараат од ПСЖ 70 милиони евра и го информирале францускиот клуб дека имаат уште една недела да ја достават потребната понуда во спротивно нема да го добијат Шкрињар, Интер ќе ги прекине преговорите.
Доколку се повлече од преговорите, Интер ќе го активира планот Б, односно ќе продаде неколку други фудбалери за да дојде до парите кои им требаат. Меѓу играчите кои ќе одат на продажба се Стефан де Вриј и Дензел Думфрис.
Интер има договор за купување на Глеисон Бремер, но прво треба да го продаде Шкрињар за да го купи Бразилецот.