Интер може да остане и без второто планирано засилување

by bojan
1 минути читање

„Нероаѕурите“ можат да останат и без второто планирано засилување, Атлетико Мадрид е подготвен да достави понуда за Омар Соле од Удинезе.

Интер ова лето имаше неколку приоритети, ангажман на нов десен бек, и ангажман на нов централен дефанзивец беа на врвот на листата со желби.

Марко Палестра од Аталанта и Омар Соле од Удинезе беа идентификувани како засилувања, но можно е трансфер плановите на Бепе Марота и неговите соработници целосно да се распаднат.

По долги преговори, „нероаѕурите“ начелно го договорија Марко Палестра во зделка вредна околу 50 милиони евра, но во последен миг пристигна понуда од Челси, на маса беа ставени 60 милиони евра за Аталанта, на играчот му беше понудена двојно поголема плата, па „сините“ го украдоа Италијанецот.

Интер сега ризикува да остане и без второто планирано засилување, неколку извори објавија дека Атлетико Мадрид е подготвен да достави понуда за Оамр Соле.

Шампионот на Италија подолго време преговара со Удинезе, но никако да го финализира трансферот, па се говори дека популарните „колчонероси“ на маса сега ќе стават 25 милиони евра и сакаат по брза постапка да ја комплетираат зделката.

ФОТО: X/Udinese Calcio

Можно е и ова да ти се допаѓа

×