Според „Газета дело Спорт“, Интер ќе се обиде да го купи централниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони за кој се интересираат и Милан и Јувентус.
18-годишниот Леони се смета за еден од најголемите таленти во Италија кога дефанзивата е во прашање. А тоа многу добро го знае тренерот на Интер, Киву кој работеше со фудбалерот минатата сезона во Парма.
Нероазурите веќе потрошија 70 милиони евра за засилувања ова лето, а имаат уште 30 милиони за централен дефанзивец.
Изборот паднал токму на Леони, но имаат и конкуренција, за неговите услуги се интересираат и Милан и Јувентус.
Милан веќе има доставено понуда од 13 милиони евра плус напаѓачот Лоренцо Коломбо.
Парма не планира лесно да се ослободи од Леони, но свесни се дека ќе треба да го продадат ова лето, само сакаат да видат кој ќе понуди најмногу.
Италијанските медиуми пишуваат дека цената на Леони нема да биде под 25 милиони евра.