На две кола пред
крајот на регуларниот дел од сезоната, Интер Мајами и математички остана без
шанси за пласман во плеј-офот.
Утрово, Интер Мајами
дома загуби со 0-1 од Синсинати, не помогна ниту Лео Меси, кој се врати од
повредата и доби шанса во второто полувреме, кога резултатот беше 0-0.
Изминативе денови
кружеа гласини за враќање на Лео Меси на позајмица во Барселона во случај Интер
Мајами да не обезбеди настап во плеј-офот (Аргентинецот го чека одмор од
неколку месеци), па ова прашање веднаш му беше поставено на тренерот Тата Мартино.
„Изненаден сум од
гласините“ – вели предводникот на Интер Мајами.
„Доколку ми
кажете дека тој ќе оди во Барселона на одмор, ќе ви речам дека има добри шанси
за тоа“.
„Но немам
информации дека ќе се врати во Барса на позајмица“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.