Интер лесно се справи со Џенова, Лукаку ги надмина Милито и Амадеи и го мерка Роналдо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус ќе мора да ја победи Сампдорија доколку сака утре да го освои Скудетото. Имаше комбинација „старата дама“ да стигне до титулата без да истрча на терен, но избраниците на Маурицио Сари ќе мора да се помачат откако Интер вечерва славеше со 0-3 на гостувањето кај Џенова.

„Нероаѕурите“ лесно се справија со популарните „Ил Грифоне“, Ромелу Лукаку го отвори резултатот во 34. минута, Алексис Санчез зголеми на 0-2 во 83. минута од мечот а точка на натпреварот беше ставена во судиското надополнување.

Ромелу Лукаку тргна сам од половина терен, убаво го помина Ромеро, од игра исфрли уште еден дефанзивец на Џенова, се намести на лева и пласираше на подалечната статива за 0-3.

За напаѓачот ова беше 23-от гол оваа сезона во Серија А и тој го надмина постигнувањето на Диего Милито и Амедео Амадеи, кои постигнаа по 22 погодока во својата прва сезона во дресот на Интер.

Ромелу Лукаку сега го мерка Роналдо (25 гола) и Иштван Њерш (26 гола).

Нашиот Горан Пандев доби дваесетина минути, но не можеше да спречи неговиот поранешен тим да ги освои трите бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани