Екипата на Интер се подготвува за интензивен период кој вклучува борба за титулата во Италија, финале во Лигата на шампионите, како и учество на Светското првенство на клубов, но во клубот истовремено размислуваат и на засилувањата.
Неколку имиња се веќе на излезна врата, Хоакин Кореа и Марко Арнаутовиќ најавиле заминување, додека Давиде Фратези е под голем интерес од повеќе италијански гиганти, меѓу кои Атлетико, Наполи, Рома и Јувентус. Ако дојде до трансфер, се очекува Интер да инкасира околу 40 милиони евра.
Како негова потенцијална замена се споменува Петар Сучиќ од Динамо Загреб, кој веќе е многу блиску до трансфер на „Џузепе Меаца“. Второто засилување кое се очекува да пристигне е Луис Енрике од Марсеј, за кого Интер ќе плати околу 30 милиони евра.
Сепак, тука веројатно нема да заврш активноста на Интер на трансфер пазарот. По завршувањето на Светското првенство на клубови, Интер планира да доведе нов напаѓач и стопер. Како потенцијално засилување во нападот се издвојув т Жоан Бони од Парма кој би бил идеална алтернатива за Маркус Тирам. Иако не е класичен голгетер, неговата сила и игра со грб кон голот може да биде од клучно значење