170
Интер ја забележа
најголемата победа под водствот на Антонио Конте, во пресметката со последнопласираната
Бреша, „нероаѕурите“ триумфираа со високи 6-0.
Гол серијата ја
отвори Ешли Јанг во 5. минута, Англичанецот доби топка од Санчез и со волеј од
десетина метри ја затресе мрежата на гостите.
По 20 минути
игра, Алексис Санчез од пенал зголеми на 2-0, а во последните мигови од првиот
дел, Д’Амброзио донесе 3-0.
Во продолжението
од мечот, Гаљардини по еден прекин со глава погоди за 4-0, Ериксен прв стигна
до една одбиена топка и зголеми на 5-0 а конечниот резултат го постави
Кандрева. По една убава акција во 88. минута, Италијанецот прецизно биеше по
земја за 6-0.