Интер ја одби првата понуда на Јунајтед за Онана

by
3 минути читање

Првата понуда на Манчестер јунајтед за Онана изнесувала 40 милиони евра плус бонуси. Тоа е далеку од она што го бара Интер.

Интер го вреднува својот голман на 60 милиони евра со вклучени бонуси. Се верува дека договорот би можел да биде склучен за 50 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.

Понудата следуваше по долги преговори, Јунајтед на маса ставил 40 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси, но тоа е за 15 милиони помалку од она што го бара Интер.

Интерес за Онана има и од Челси и Ал Наср, па во една таква ситуација, кога има трка, Интер нема намера да попушти.

@2024 – Сите права задржани