Познат е
расплетот на горниот дел од табелата, Интер со 0-2 славеше на гостувањето кај
Аталанта и ја заврши сезоната како вицешампион. Д’Амброзио го отвори резултатот
уште во првата минута, а Ешли Јанг убаво погоди од работ на шеснаесетникот за
0-2 по дваесетина минути игра.
Лацио загуби со
3-1 на гостувањето кај Наполи, па сега ќе се моли „наполитанците“ и Рома да не
триумфирата во Европа. Има едно лудо сценарио со кое четвртото место на
табелата нема да носи Лигата на шампиони доколку „волчицата“ ја освои Лига
Европа а избраницте на Гатузо го подигне пехарот од ЛШ.
Милан ја потврди
добрата форма со триумф од 3-0 над Каљари, додека пак Рома со 1-3 триумфираше
над Јувентус во меч во кој не се играше за ништо.