Интер како второпласирани изборија место во осминафиналето од Лигата на шампионите, нероазурите се лидери во Серија А и главен фаворит за освојување на Скудетото.
Интер досега 19 пати бил шампион на Италија, наредниот пат кога ќе го крене големиот трофеј ќе може да стави уште една ѕвездичка на дресот.
„Газета дело Спорт“ објавува детали од прославата на Интер.
„Сакам да им се заблагодарам на сите, од претседателот до директорите, од стручниот штаб до моите фудбалери. Имавме луди месеци, но следните ќе бидат клучни. Имам надеж за иднината“, рече тренерот Симоне Инзаги.
Извршниот директор на Интер, Бепе Марота побара амбициите да бидат на највисоко ниво.
„Ајде да ја држиме летвичката високо, имаме високи очекувања, ќе зависи од тоа како ќе сработиме“, рече Марота.
Претседателот на Интер, Стевен Жанг не беше на забавата, но испрати видео порака.
„Патот до Истанбул и патот кој го одиме оваа сезона ме прават горди. Благодарност до сите. Интер е и ќе остане стабилен. Благодарност до Инзаги за неговата работа, ова е вистинскиот птат. Интер е таму каде што треба да биде. Имаме сон, втора ѕвездичка и работиме тоа да стане вистина“, рече Жанг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.