Интер и Хакан Чалханоглу се на чекор од разделба. Турчинот сака назад во својата татковина и трансфер во Галатасарај, а таа желба предизвика сериозни тензии во соблекувалната на „нераѕурите“.
По елиминацијата на Интер од Светското клупско првенство, страстите дополнително зовреа – капитенот Лаутаро Мартинез јавно го прозва Чалханоглу, кој не остана должен и возврати со свој коментар.
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот веќе ја подготвува замена за турскиот плејмејкер. Спортскиот директор Бепе Марота веќе ги има дефинирано потенцијалните цели Едерсон од Аталанта, Николо Ровела од Лацио и Мортен Хјулманд од Спортинг.
Сите тројца се играчи со добра репутација и одредено време се на радарот на поголемите клубови. Едерсон беше интересен и за Манчестер Јунајтед, а Хјулманд исто така имаше понуди од Премиер лигата. Ровела веќе извесен период се поврзува со Интер, и сега се очекува Марота да ги забрза разговорите откако ќе се официјализира заминувањето на Чалханоглу.