Интер и Милан
имаат нови сопственици од Кина и се најавува дека двата клуба летоска силно ќе
инвестираат во засилување на составот.
Медиумите ги
поврзуваат „Нероаѕурите“ и „Росонерите“ со голем број на играчи, а последните
информации велат дека градските ривали битката од терените ќе ја преферлат и на
трансфер пазарот.
Ѕвездата на
Манчестер Сити, Кун Агуеро и играчот за кого Интер и Милан се спремни да го
одврзат ќесето.
Напаѓачот го
загуби местото во стартниот состав по пристигнувањето на младиот Габриел Жесус,
и често се пишува за негово заминување од Етихад Стадионот и покрај тоа што Пеп
Гвардиола во неколку наврати истакна дека смета на Аргентинецот.
Па доколку репрезентативецот на „Гаучосите“ се збогува со „Граѓаните“, Интер и Милан се спремни да му понудат нова авантура.