80
Ериксен како големо засилување пристигна во Интер, но Данецот никако да се вклопи во системот на Конте.
Интер незадоволен од настапите на Ериксен е решен да го продаде во јануарскиот преоден рок и да донесе нов фудбалер на негово место.
Едната опција е Иско, се пишува за можна размена меѓу Реал Мадрид и Интер. Ериксен да отпатува во Мадрид, а Иско да пристигне во Милано.
Доколку таквата размена не се реализира, Интер има и втора опција. Тие го посакуваат играчот на Аталанта, Руслан Малиновски.
„Тутоспорт“ пишува дека Интер е сериозно заинтересиран за Малиновски, но за да може да го купи треба прво да го продаде Ериксен.