Новинарот Џанлука Ди Марцио вели дека Интер е подготвен да го продаде Алесандро Бастони на Барселона, и со парите да ги купи Омар Соле од Удинесе и Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло , плус да им остане „кусур“ од околу 20 милиони евра.
Изминатиов период често се пишува дека Алесандро Бастони е главна цел на Барселона за засилување на одбраната.
Како што пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио, раководството на Интер е свесно дека големи се шансите да остане без дефанзивецот, чувствуваат дека Алесандро Бастони сака да ја промени средината по се она што му се случи изминативе месеци.
Но за да го продадат, ќе бараат 70 милиони евра од Барселона, и нема да прифатат фудбалер во замена.
Планот на Интер е да инвестираат околу 50 милиони евра во ангажман на Омар Соле од Удинезе и Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло, и на тој начин да го надополнат заминувањето на Алесандро Бастони.
Плус ќе им остане и „кусур“ од 20 милиони евра кој ќе може да се искористи за засилување на друг дел од тимот.