Интер ги стопираше преговорите со Дибала, Аргентинецот има проблем да најде нов клуб

by
1 минути читање

Дибала неколку месеци беше во преговори со Интер, но преговорите сега се стопирани. Нероазурите се посветија на враќањето на Лукаку од Челси.

На Интер не му се брза со Дибала, а за повторно да ги активираат преговорите ќе треба да продадат некој од своите фудбалери.

Се шпекулира и за интерес од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но и таму ситуацијата е иста, двата клуба треба прво да продадат некој играч за да го ангажираат Дибала.

Рома и Милан исто така ја следат ситуацијата. Римскиот клуб е можеби последна опција за Дибала затоа што тој сака да игра во Лигата на шампионите, а росонерите не можат да му ја дадат платата која ја бара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×