Интер се обидуваше да дојде до услугите на Флоријан Балогун, сепак тој се покажа како прескапа опција, нероазурите се откажаа од обид да го ангажираат и се насочуваат кон Скамака.
Интер го контактирале Вест Хем и ја испратиле првата вербална понуда која изнесува околу 20 милиони евра за перманентен трансфер.
Тоа е понуда која на Интер повеќе му одговора отколку она што го нуди Рома, а тоа е едногодишна позајмица со опција за перманентен трансфер идното лето за сума од 20 милиони евра.
Зелено светло треба да даде и Скамака кој изјавуваше дека сонува за враќање во неговиот роден град Рим и повторно да игра за Рома каде што беше во младинските категории.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.