Алексис Санчез се
здоби со повреда, а очекувањата се дека Чилеанецот ќе ја пропушти полуфиналната
пресметка со Шахтар во полуфиналето од Лига Европа.
Дуелот со
украинскиот клуб е на програмата во понеделник, а што се однесува за повредата
на Санчез, стигна и официјална потврда од самиот клуб, од таму наведуваат дека
дошло до проблеми со мускулот од десната нога.
Јасно е дека
Санчез ќе биде подложен на посебен третман во клубот претстојните денови, но,
малку е веројатно дека Чилеанецот ќе биде во комбинација за настап во
понеделник.
Офанзивецот во
игра на мечот против Баер Леверкузен завчера влезе во 64. минута, а уште од
претходно беа поставени конечните 2-1 од овој меч по што „Нероаѕурите“ закажаа
пресметка со Шахтар во полуфиналето од Лига Европа.