Инфантино останува претседател на ФИФА до 2027, нејасно е дали ова му е втор или трет мандат

by
1 минути читање

Како што се очекуваше, Џани Инфантино со акламација останува претседател на светската куќа на фудбалот. На денешниот конгрес на ФИФА во Руанда, тој ја доби поддршката на членките.

„До оние кои ме обожаваат и до оние кои ме мразат… Ве сакам сите!“ – порача Џани Инфантино.

„Ова е огромна чест и привилегија, но во исто време и голема одговорност. Ветувам дека ќе продолжам да и служам на ФИФА и на фудбалот ширум светот“.

Останува нејасно само дали ова е негов втор или трет мандат на чело на ФИФА. Според правилата, едно лици не може да биде претседател повеќе од три мандата. Во декември, Џани Инфантино се вадеше на „дупка“ во правилата и се правдаше дека кога прв пат станал претседател, бил на чело само три години и тоа не било цел мандат, па можел да се кандидира и на изборите во 2027 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани