Инфантино ги налути Италијанците: Ако не се пласираат и на СП со 64 репрезентации, ќе зголемиме на 128

by Стефан
1 минути читање

Додека италијанскиот фудбал сè уште ги сумира последиците од уште еден неуспех во квалификациите за Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со една шеговита забелешка предизвика лавина реакции на Апенините.

Во интервју за бразилски медиум, Инфантино беше запрашан за новото разочарување на италијанската репрезентација и одлучи да се пошегува.

„Можеби Италија ќе се пласира на Светско првенство со 64 репрезентации или пак ќе го зголемиме бројот на учесници на 128“, изјави Инфантино низ насмевка.

Неговата изјава брзо одекна во италијанската јавност и беше дочекана со негодување. Меѓу оние што реагираа беше и италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди.

„Со оглед на тоа што нè дели голема географска дистанца меѓу Италија и Мексико, најсоодветно би било разговорот да го водиме телефонски, секако во согласност со неговите обврски“, изјавил Абоди за италијанските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×