Инцидент во Тирана: Фудбалер на Србија погоден со предмет во глава (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Стадионот во Тирана не издржа ни десет минути без инциденти на вечерашниот квалификациски дуел меѓу Албанија и Србија. Тензичната атмосфера брзо прерасна во проблем, а на удар се најде српскиот репрезентативец Саша Лукиќ.

Играта беше прекината кога Лукиќ се подготвуваше да изведе корнер, но навивачите на домашната селекција почнаа да фрлаат разни предмети од трибините. Еден од нив го погоди фудбалерот директно во главата, по што Лукиќ падна и побара лекарска интервенција.

Судијата Давиде Маса веднаш притрча до него и ситуацијата накратко беше загрижувачка, но по околу две минути, натпреварот продолжи. И покрај инцидентот, мечот засега се игра без понатамошни прекини, но очигледно е дека безбедносниот ризик останува висок.

Видеото може да го погледнете – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани