Инцидент во Мајорка: Бугатито на Роналдо заврши во ѕид (ФОТО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо со семејството е на одмор во Мајорка, каде има изнејмено луксузна вила,
а за да ужива во стил, одлучил да испрати и два автомобили на шпанскиот остров.

Медиумите сега
пренесуваат дека еден од автомобилите утрово имал сообраќајна незгода, се
работи за Бугати Вејрон вреден нешто над 2 милиони евра.

Информациите
велат дека Кристијано Роналдо не бил зад воланот, автомобилот бил управуван од
вработен кој бил задолжен за транспортот. Се уште се испитуваат деталите, а
првичните извештаи велат дека возачот загубил контрола и удрил во ѕид од еден
објект крај патот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×