158
Официјално, 30
годишниот напаѓач на Лацио, Чиро Имобиле стави потпис на нов договор со клубот
од Рим со што се обврза на верност со истиот до 2025. година.
Гол-машината на „Лацијалите“
постигна 36 погодоци во 37 настапи во Серија А ланската сезона, како и
генерално гледано 125 од досега одиграни 178 натпревари за Лацио од неговиот
трансфер во 2016. година од Севилја па наваму.
„Газета дело
Спорт“ објави дека со новиот договор Имобиле ќе има годишна плата од 4 милиони
евра.