Имобиле и Роналдо имаат битка за златната копачка во Серија А, напаѓачот на Лацио денеска постигна три гола и дојде до бројката од 34. Роналдо сега има четири помалку, но и меч помалку.
Верона поведе со гол на Амрабат од пенал, а потоа следуваше гол шоу на Лацио. Три гола постигна Имобиле, по еден реализираа Милинковиќ Савиќ и Кореа.
Рома со 2-1 ја победи Фиорентина. Двата гола ги постигна Верту од пенал, вториот беше во 87. минута. Миленковиќ беше стрелец за виолетовите.
Удинезе со 1-0 победи на гостувањето кај Каљари со гол на Окака уште во третата минута. Несторовски овој меч го почна од клупата, во игра влезе во 68. минута.
Дуелот меѓу СПАЛ и Торино заврши 1-1. Претходно Болоња со 3-2 го совлада Лече.