Жозе Мурињо минатата недела доби отказ по серијата лоши резултати и најслабиот сатрт во сезона на Манчестер јунајтед во последните 28 години. На негово место беше назначен Оле Гунар Солскјер но само како привремено решение до крајот на сезоната.
Ед Вудворд во следните месеци ќе ги разгледа сите опции, а според медиумите од Англија конечната одлука нема да биде донесена прeд крајот на сезоната и дури летоска ќе биде соопштен новиот предводник.
„Ед Вудворд ми кажа, во официјален разговор, дека Манчестер јунајтед не е горд со она што се случи минатата недела“ – вели водителот на ТокСПОРТ, Џим Вајт.
„Исто така ми кажа дека клубот сега ќе изврши темелен процес за пронаоѓање на правиот тренер и ништо нема да биде соопштено пред крајот на сезоната“.
Оле Гунар Солскјер би можел да ја добие работата на перманентна основа, но се верува дека Маурисио Покетино е желбата број 1. На списокот високо котираат и имињата како Зинедин Зидан и Масимо Алегри.
Ед Вудворд има полни раце работа, бидејќи клупата на Олд Трафорд е прилично атрактивна, па апликации за работа доставоле голем број на имиња од светска класа.
„Тој е преплавен од апликации и препораки, луѓето кои се на врвот во фудбалт ја сакаат работата. Но тоа ништо не му менува на Вудворд, одлуката ќе падне дури по крајот на сезоната“.